20/04/2024
Охрид

Одржана третата седница на Советот на општина Охрид

Со рекордни 120 точки на дневниот ред, денес се одржа третата седница на Советот на Општина Охрид. На дневниот ред доминираа точките кои се однесуваа на легализација, односно вклопување на бесправно изградени објекти, на пошироката територија на Општина Охрид.

Советниците имаа дебата само околу точките кои се однесуваа на измените во програмите на одделни сектори и прераспределба на средства од буџетот за 2021 година, но сепак сите точки беа едногласно донесени.

Секретарот на општината Александар Китески, образложи дека, обемниот дневен ред се должи на застојот во решавањето на предметите за легализација поради законски пречки и оддржувањето на локалните избори. Во иднина најави поефикасно и поажурно работење на општинската администрација, со цел, советниците да имаат оптимални услови за работа.