30/04/2024
Спорт

Одржани екипни младински првенства во шах 2023

На 25, 26 Ноември и 2 , 3 Декември 2023г во ПСУ Јаха Кемал Скопје, се одржаа Екипните младински првенства во шах. На првенствата во категориите U10, U12 и U18 со свои екипи учествуваше и ШК Ласкер Охрид и тоа во категорија.

U10 во состав: Драган Анѓелески, Хамза Мехмед, Марко Томоски, Иван Пероски, Фатих Осман и Наум Анѓелески.
U10 во состав: Павел Мишески, Јован Пуроски, Михаил Шапкароски и Мартин Серафимоски,
U18 во состав: Константин Лушески, Никола Николовски, Михаил Николовски, Елена Лушеска и Емилија Лушеска.

Во категоријата U10 беа пријавени 9 екипи, се играше на четири табли по Бергер систем секој со секого, според конечниот пласман екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 4 место.

https://chess-results.com/tnr854684.aspx?lan=1

Во категоријата U12 беа пријавени 9 екипи, кои играа на четири табли по Бергер систем секој со секого, според конечниот пласман екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 3 место

https://chess-results.com/tnr854685.aspx?lan=1

Во категоријата U18 беа пријавени 7 екипи, кои играа на четири табли по Бергер систем секој со секого, според конечниот пласман екипата на ШК Ласкер Охрид го освои 3 место

https://chess-results.com/tnr855398.aspx?lan=1

ШК Ласкер Охрид финансиски е помогнат од Општина Охрид.

Во продолжение е списокот на првите три пласирани екипи по категории:

– Категорија до 8 години девојчиња
ШК Гамбит Ассеко СЕЕ од Скопје
ШК Цареви Кули од Струмица
ШК Гази баба од Скопје
– Категорија до 8 години
ШК Гамбит Ассеко СЕЕ од Скопје
ШК Алкалоид од Скопје
ШК Куманово од Куманово
– Категорија до 10 години
ШК Гамбит Ассеко СЕЕ од Скопје
ШК Алкалоид од Скопје
МШК Цареви Кули од Струмица
– Категорија до 12 години
ШК Капабланка од Скопје
ШК Алкалоид од Скопје
ШК Ласкер од Охрид
– Категорија до 14 години
ШК Гамбит Ассеко СЕЕ од Скопје
ШК Алкалоид од Скопје
МШК Центар од Скопје
– Категорија до 16 години
ШК Гамбит Ассеко СЕЕ од Скопје
ШК Шах Шех од Битола
ШК Алкалоид од Скопје
– Категорија до 18 години
ШК Алкалоид од Скопје
МШК Центар од Скопје
ШК Ласкер од Охрид

Честитки до сите учесници.


WebOhrid / 03.12.2023 / ШК Ласкер