20/04/2024
Спорт

Одржани турнири во шах за ученици од основно образование од Охрид

Денес (02.10.2021) во ООУ „Братство Единство“ Охрид се одржаа турнири во шах за ученици од основно образование од Охрид.

На Младински турнир Ласкер 2021 – кадети (до 14 год) учествуваа 13 момчиња и девојчиња, Јулиан Матески (ООУ „Григор Прличев“) го освои првото место со 6 поени од 6 партии, Стефан Матески (ООУ „Григор Прличев“) го освои второто место со 5 поени, а третото место го освои Елена Лушеска (ООУ „Братство Единство“).

На турнирот Младински турнир Ласкер 2021 – пионери (до 10 години) учествуваа 9 момчиња и девојчиња, Јована Котушеска (ООУ „Григор Прличев“) го освои првото место со 6 поени од 6 партии, Надалина Зимоски (ООУ „Григор Прличев“) го освои второто место со 4,5 поени, а третото место му припадна на Вук Бурмаја (ООУ „Григор Прличев“) со освоени 4 поени. Сите учесници добија дипломи за учество и скромни награди.

ШК Ласкер Охрид финансиски е подржан од Општина Охрид, Су Хотел Охрид, Арс Ламина Скопје и Рентакар Ескапе Охрид.

Сите информации за претстојните натпревари може да ги најдете на: http://laskerohrid.weebly.com/ како и на https://chess-results.com/tnr562611.aspx?lan=1&art=1&flag=30