03/05/2024
Охрид

Одземени 126 рибарски мрежи со вкупна должина од 2.8 км во текот на мај и јуни

Во текот на мај и јуни 2023 година, полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ при Регионален центар за гранични работи „Запад“, самостојно, но и во соработка со СВР Охрид и инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, во водите на Охридското Езеро и на копно, реализираа околу 100 патролни контроли и мерки по Закон за рибарство и аквакултура, со цел пронаоѓање лица кои вршат незаконит риболов.

Притоа, полициските службеници во водите на езерото пронајдоа и одзедоа 126 рибарски мрежи во должина од 2800 метри, со 219 парчиња уловена риба во вкупна тежина од 45 килограми, како и повеќе видови риболовен алат и опрема.

Лишени од слобода се две лица од Република Албанија, кои со пловен објект илегално ја преминале државната граница, како и едно лице кое со харпун ловело риба во езерските води.

Поднесени се две кривични пријави по основ на илегален премин на државната граница и незаконит риболов во територијалните води на РСМ како и прекршочни пријави по Законот за рибарство и аквакултура, и една пријава по Закон за внатрешна пловидба.


WebOhrid / 10.07.2023 / СВР Охрид