20/04/2024
Охрид

Охрид домаќин на „Sound of Egypt“

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков се обрати на отворањето на фестивалот „Sound of Egypt“ што синоќа се одржа во Охрид. Пред присутните градоначалникот рече:

 – Дозволете да го изразам моево задоволство што Охрид е домаќин на овој прекрасен културен настан преку кој доаѓаат до израз нашите заеднички заложби за  негување на културата, традициите и обичаите на Египќаните.  Тие се  важна алка во градење на соживот и меѓусебно почитување и разбирање во општеството. Мултикултурализмот и еднаквоста треба да бидат важен приоритет во нашето секојдневно делување, а унапредувањето на правата на египќаните  наша заедничка цел и предизвик. Веселиот дух и темперамент на Египќаните се преточени во нивната песна и музика кои се примамливи за очи и уши и секако битен дел од мултикултурната лепеза на нашава земја. Сите сограѓани независно од верска, етничка или расна припадност се рамноправни и еднакви за мене. Битен  е човекот, неговата добронамерност   и вредностите кој тој ги негува,  а  се во насока на општествен развој и напредокЗатоа и понатака ќе работиме на  зајакнување на економската и социјалната вклученост на Египќаните во секојдневните општествени текови. Неопходна е продуктивна коегзистенција меѓу верниците и меѓусебно почитување во едно мултирелигиско и мултикултурно општество какво што е нашето. Вакви   настани  и случувања  особено се битни за нас. Тие се уникатна културно- забавна понуда во пост летниот период од годината и привлекуваат гости кај нас, затоа и во иднина ќе ја добиваат  нашата поддршка  – подвлече градоначалникот Пецаков.


WebOhrid / 27.11.2022 / Општина Охрид