29/04/2024
Охрид

Охридската Библиотека утре ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик и азбука

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“од Охрид, утре – петок на свечен начин ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик и азбука.

На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озаконува првиот правопис на македонскиот јазик.

Петти мај е ден за паметење и славење.

Утре во нашата Библиотека од 10:00 часот во соработка со градинките и училиштата и граѓаните ќе бидат промовирани македонскиот јазик и литература.

–              Македонскиот јазик темелот на македонската државност: „Од Климента, преку Прличев до Конески и Шопов“ – обраќање на м-р Милчо Јованоски, директор на Библиотеката.

Честика за Денот на македонскиот јазик – видео обраќање на проф. д-р Људмил Спасов, претседателна Советот за македонски јазик.

–              За македонската азбука, јазик и култура Бети Лазеска – Симоноска, библиотекар

–              Изложба на дела (книги) од Фондот на библиотеката од Конески и Шопов (100 години од неговото раѓање).

–              „Проста и строга македонска песна“ Документарен филм за Конески.

–              „Тешкото“ – документарен филм

–              „Цртаме инспирирани од азбуката“ – деца од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид

–              Рецитал посветен на македонскиот јазик ученици од ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани

–              Рецитал посветен на Конески и Шопов со ученици од ООУ „Христо Узунов“ – Охрид

Настанот е отворен за сите граѓани. Упатуваме, посебна и јавна покана до сите наставници по македонски јазик од основните и средни училишта во Охрид да ни се придружат во одбележувањето на денот на македонскиот јазик.


WebOhrid / 04.05.2023 / НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид