28/04/2024
Спорт

Охридските ученици дел од Државното првенство во шах за oсновни и средни училишта

На 09 декември 2022 во ПОУ Јахја Кемал општина Карпош, Скопје, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, Агенција за млади и спорт и Шаховска федерација на Македонија, се одржа Државното првенство во шах за oсновни и средни училишта.

Во категорија основно училишта (I-IV одд) – момчиња учествуваа 82 млади шахисти, од општина Охрид учествуваа:

  • Мартин Серафимоски – ООУ „Христо Узунов“,
  • Мехмед Хамза – ООУ „Братство Единство“,
  • Драган Анѓелески – ООУ „Григор Прличев“ и
  • Марко Попоски – ООУ „Григор Прличев“.

Во категорија основно училишта (VI – IX одд) – девојчиња учествуваа 22 млади шахистки, од општина Охрид учествуваа:

  • Емилија Лушеска – ООУ „Братство Единство“ која го освои третото место,
  • Ивана Велкоска – ООУ „Григор Прличев“ која го освои 7 место,
  • Емилја Целеска – ООУ „Братство Единство“ која го освои 12 место.

Во категорија основно училишта (VI – IX одд) – момчиња учествуваа 82 млади шахисти, од општина Охрид учествуваа:

  • Михаил Николовски – ООУ „Григор Прличев“ кој го освои третото место,
  • Стефан Матески – ООУ „Григор Прличев“.

Во категорија средни училишта (момчиња и девојчиња) учествуваа 42 млади шахисти, од општина Охрид учествуваа:

  • Никола Николовски ученик во III година – ОСУ „Св.Климент Охридски“,
  • Стојан Велкоски ученик во III година – ОСУ „Св.Климент Охридски“,
  • Иван Велкоски ученик во II година – ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и
  • Елена Лушеска ученичка во I година – ОСУ „Св.Климент Охридски“, која го освои 1 место во женска категорија.

Патувањето на учениците беше организирано од страна на Општина Охрид.


WebOhrid / 10.12.2022 / ШК Ласкер Охрид