30/04/2024
Охрид

Охриѓанец пронајден починат во водите на каналот „Студенчишта“

Денеска (17.12.2022) во 07:38 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на каналот „Студенчишта“ во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид.

Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телот на починатиот било дадено на обдукција.


WebOhrid / 17.12.2022 / СВР Охрид