27/07/2024
Дебрца

ООУ „Дебрца“ дел од обуката „Основен алгоритам и кодирање“ во Инстанбул

Во рамките на Еразмус+ КА101 програмата – мобилност на наставен кадар во училишно образование, во периодот од 04.04. – 11.04.2021 година директорот, психологот, наставник по одделенска настава  и наставник по информатика од ООУ „Дебрца“ учествуваа на еднонеделна обука на тема „Основен алгоритам и кодирање“ – „Basic Algorithm & Coding“ во Инстанбул, Турција.

Обуката беше реализирана од страна на интернационалниот тренинг провајдер Anatolia Education, стручен во проферисонален развој на наставници преку промовирање, поддршка и овозможување на тренинг активности во склад со Еразмус+ принципите.

Целите на оваа обука беа употребата на ИКТ алатките, кои се користат во поучувачкиот и образовниот процес. Во текот на обуката беа елаборирани бенефитите од употребата на ИКТ алатките во образовниот процес, придонесувајќи за позитивно расположение, појака концентрација, подобрена меморија, подобрени вештини за решавање проблеми, критичко размислување, експериментирање, зголемени социјални и комуникациски вештини, подобрени вештини за работа во тимови, овозможување на позитивна училишна околина.

За време на обуката наставниците го продлабочија своето знаење за едукативните ИКТ алатки кои овозможуваат да се развива знаењето кај учениците на ефективен начин, развој на основните концепти на логичкото размислување, решавање проблем, истражување, развој на нови идеи и создавање на креативно решение, да ги направат своите први чекори во науката, технологијата и инжинерството, да се користат одредени уреди, програми, апликации за осовременување на образовниот процес, со што се пристапува кон модерно образование на 21 век.

Во следниот период учесниците во обуката ќе одржат дисеминација и интерни обуки на останатите наставници во училиштето (работилници, отворени часови, менторство на наставници и сл.).