24/04/2024
Охрид

ООУ „Христо Узунов“ го прославува својот патронен празник

Денес, 24 Април, ООУ „Христо Узунов“ го прославува својот Патронен празник. Во рамките на прославата, вработените и учениците положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на Христо Узунов.

Со сите протоколи кои соодветствуваат на актуелната состојба, беше одржан и историски час, на кој се зборуваше за ликот и делото на херојот. Воедно директорката Оливија Пирузева Јанева ги додели наградите на Првенецот на генерација – Наталија Танеска и пофалените ученици на генерација – Марија Зороска, Атина Рувинова, Ана Јорданоска и Бојана Цветкоска. Доделени беа и наградите кои учениците ги добија за творбите доставени за литературно – ликовниот конкурс по повод Патрониот празник, на тема „Со сјај во очите и насмевка под маските, до срцата да допреме“. Во склад со протоколите, учениците од 9то одд. под раководство на наставничката по македонски јазик Христина Наумоска, учениците од одделенска настава под раководство на одделенската наставничка Васка Палоска и наставниците по музичко обр. Бојан Лушкоски и Славчо Китаноски, со хорот на училиштето, подготвија и пригодна програма, со која го одбележаа денот на своето училиште, а за јавноста ја прикажуваат преку електронски пат. Традиционално, од печат излезе и нов број на училишниот весник „Илинденска искра“, кој го уреди наставничката по македонски јазик Маја Ристеска.