26/04/2024
Охрид

Опожарено возило на регионалниот пат Охрид-Струга

На 20.08.2020 година во СВР Охрид, телефонски е добиено известување за опожарено возило на регионалниот пат Охрид-Струга.

Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за патничко возило „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.З.(23) од струшкото село Враништа. Интервенирала Територијалната против-пожарна единица од Охрид која го локализирала и целосно го изгаснала пожарот.