26/04/2024
Дебрца

Општина Дебрца со нова веб-страна

Општина Дебрца доби нова веб-страна debrca.gov.mk

Жителите на Дебрца преку оваа веб-страна ќе можат повеќе да се информираат за активностите на Локалната, но и да побараат информации, да закажат средба или пак да пријават одредени проблеми.

„Од денес во употреба е пуштена новата WEB страна на општина Дебрца. Наредниот период ќе биде тестирана нејзината функционалност, со тоа што добредојдени ќе бидат ваши критики, коментари и сугестии.“ – напиша градоначалникот Ногачески на својот ФБ профил.

WebOhrid