Општина Охрид објавува издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 126 од „Законот за животна средина“ (Сл.весникна РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129, 15 и 39/16 ) Градоначалникот на Општина Охрид за Трговско друштво за транспорт и трговија „ЛАВЧЕ“Охрид ДООЕЛ Стационарна бетонска база с. Косел Охрид–Општина Охрид издаде

Б-Интегрирана еколошка дозвола бр.21 – 1737 од 25.09.2018 г.

Носител на дозволата :
Трговско друштво за транспорт и трговија „ЛАВЧЕ“Охрид ДООЕЛ Стационарна бетонска база с. Косел Охрид–Општина Охрид

Адреса на седиштето :
Седиште на компанијата, С. Лескоец, Охрид
Локација на инсталацијата, с. Косел-Охрид, Општина Охрид

Координати на локацијата:
4558096,23м север
486876,10м исток

Контакт лице :
Кире Секулоски управител на бетонска база , претставник за животна средина

Категорија на инсталацијата :
Прилог 2, Точка 3, Индустрија на минерали; Точка 3.3 Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за цемент поголем од 50м3 од „Уредбата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето“ (Сл.Весник на РМ бр.80/09 и 36/12).

Вид на активност:
Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за цемент поголем од 50м3.

Дозволата во печатена форма ќе биде достапна во просториите на општина Охрид, Сектор за животната средина и управување со отпад , Одделение за заштита и влијание врз животната средина.