30/05/2024
Охрид

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид освежен со 11 нови искусни лица

На предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, а со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од партијата информираат дека Општинскиот комитет на партијата е освежен со 11 нови искусни лица кои се дел од општествениот живот со нивната професионалност и препознатливи со своите досегашни активности.

Составот е освежен со следните членови:

  • Наум Јамандиев – Факултет за физичка кулура-Професор по физичка култура
  • Марија Смилески – Филозовски факултет – дефектологија
  • Климент Наумов – Докторант на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Туристички водич
  • Даниела Ристова – Дипломиран филолог, професор по руски
  • Грација Бакраческа – Доктор, стоматолог
  • Горан Стојаноски – Актер
  • Ана Димитрова – Дипломиран правник
  • Ристе Јанкоски – Факултет за физичка кулура, Професор по физичка култура
  • Горан Ѓоргиески – Економски факултет
  • Методија Анѓелкоски – Дипломиран информатичар
  • Антонио Раткушиноски – Економски факултет

Целта е што повеќе членови да бидат дел од креирањето на политиките, да се запознаат со активностите и да се вклучат во работата на партиските структури давајќи дополнителна енергија на останатите членови на општинскиот изборен штаб целосно подготвени за претстојните избори.