24/04/2024
Охрид

Основците од „Кочо Рацин“ ги добија сертификатите од Меѓународниот интернет проект „Мост дружбе 2017“

Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, минатата недела ги добија сертификатите за активно учество на Меѓународниот интернет проект „Мост дружбе 2017“, организиран од Јарославскиот центар за телекомуникации во образованието.

Со проектот кој траеше три месеци (септември, октомври и ноември 2017) опфатени беа 11 ученици од ова училиште.

Учениците: Анабела Стефаноска, Стефанија Алачкоска, Андреј Јованчец, Андреј Милошески, Андреј, Андриески, Сергеј Андрески, Андреј Маркоски, Наталија Димовска, Тео Николоски и Мартин Ристески учествуваа во индивидуална категорија графички работи, како тим акции и мултимедијален проект.