26/04/2024
Македонија

„Отаде црнилото“ на Велимир Жерновски од вечерва во МСУ

Вечерва, во 20.00 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје , свечено ќе биде отворена самостојната изложба на Велимир Жерновски насловена како „Отаде црнилото“…

Изложбата на Жерновски е критика на монструозната логика на капиталот. Алармира за неизвесноста на нашата иднина, за можноста неповратно да ја загубиме својата природна и симболичка средина и да се сведеме на празна обвивка, на тело без супстанцијална содржина.

Неговата видеоинсталација е визија на едно такво тело, тело редуцирано само на својата основна функција: дишењето.

Изложбата е поддржана од Министертвото за култура на Р.М, а ќе биде отворена за јавноста до 1 јули 2018.