26/04/2024
Регион/Свет

Откажана Евровизија 2020

Поради рестрикциите кои ги воведоа сите земји за заштита од коронавирусот, Евровизија 2020 е откажана, соопшти Европската радиодифузна унија.

Овогодишното издание на Евровизија требаше да се одржи во Ротердам од 12 до 16 мај, а Европската радиодифузна унија и градот Ротердам во наредниот период ќе преговараат ова натпреварување да се одржи 2021 година.