21/06/2024
Регион/Свет

Отслужена Вечерна богослужба во храмот „Св. пророк Илија“ во Квинбијан, Австралија

На 14.11.2023 година, во навечерието на празникот на св. мч-ци. Акиндин, Пигасиј, Автониј и други, во храмот “Св. пророк Илија” во Квинбијан, Австралија, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Ѓорѓи Митев, свештеникот Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.


WebOhrid / 15.11.2023 / Дебарско-кичевска епархија