25/04/2024
Охрид

Отворен ден во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ Охрид

Средното економско училиште „Свети Кирил и Методиј“ Охрид организира отворени денови по повод патрониот празник.

„Во текот на овие отворени денови нашево училиште ќе го посетат ученици од сите основни училишта во Охрид. Тие ќе можат да го видат училиштето, а ние ќе им покажеме со кои профили располагаме, со опремата и проектите кои ги работиме во текот на целата учебна година. Денес имаме Отворен ден – саем на училишни компании кои ги создадоа нашите деца, како и три реални компании кои се наши партнери во обавувањето на практичната настава на учениците.“ – изјави директорот Ристе Јанкоски.

„Овој настан за матурантите претставува лична сатисфакција, додека за нас професорите е за популаризација и подигнување на имиџот на училиштето, бидејќи учениците се стекнуваат со знаења од многу области и вештини, за бизнисот, економијата, правото, деловното работење и останатите економски предмети кои што ги имаме вклучено во оваа практична настава. Ред, работа и дисциплина, само тоа е патот до успехот“ – изјави професорот Горан Попоски.

„Саемот на училишни компании во Економското училиште години наназад се одвива преку виртуелни училишни компании, таков беше начинот на работа каде децата ги учиме да работат, тие не се класични часови, туку тие се часови каде што децата одат да работат во својата училишна компанија. Многу важна е практичната настава покрај теоретското знаење и досега резултирала со многу големи придобивки за учениците, бидејќи навистина учеле на вештини, се оспособувале да ги работат  работите преку симулирани ситуации од реалните компании според законските прописи и норми кои што владеат во деловниот свет, да ги изработуваат од идеја до реализација. Децата ќе се оспособат со големи вештини и знаења ќе можат многу полесно да се вклучат во пазарот на труд, со што многу полесно ќе можат да конкурираат на работните позиции според нивната струка.“ – изјави професорката Весна Маркоска. 


WebOhrid / 19.05.2022