Отворен ден за Бреинобреин програмата во Црвен крст Охрид

Привршуваат уписите во есенскиот циклус во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН Црвен крст Охрид за деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма.

„Драги Родители, ако сакате Вашите деца да ги стекнат, развиваат и потврдуваат способностите за концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми, тогаш Ве очекуваме на вистинското место за тоа, во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид.

Уверете се во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) ќе помогнат Вашите деца да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.

За детални информации, Ве покануваме на отворениот ден за Бреинобреин програмата во Црвен крст Охрид на 11.09.2021 г. (сабота) од 10 – 12 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.“ – велат од Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН Црвен крст Охрид.