26/04/2024
Охрид

Отворена спомен соба за Шестата македонска ударна бригада

Во рамки на обележувањето на Денот на безбедноста, на пригодна свеченост беше отворна и Спомен собата за Шестата македонска ударна бригада. Собата се отвори на иницијатива на Здружението на ветарените од одбраната и безбедноста на Македонија, за општините Охрид и Дебрца.

Заменик градоначалникот, Перчо Божиновски, на отворањето ги поздрави присутните и порача дека денешницата повеќе од кога и да било претходно општата безбедност е ставена на испит.

– Несмееме да си дозволиме поради неискуството или запоставувањето таа да ни го положи испитот. Голема благодарност до Здружението на ветерани кои своето стекнато големо искуство се желни д аго пренесат и на помладите генерации со една единствена цел сите ние да имаме безбедна средина за живеење. Исто така, сакам да се заблагодарам  од името на Општина Охрид завашиот придонес во изработката на Спомен собата. Ваквите манифестации се значајни и пред за да ни бидат патоказ кон подобра иднина, рече заминк градоначалникот.

Претседателот на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Македонија, Добре Велјаноски потенцира дека оваа соба повторно се враќа на своето место.

– Како еден од командантите на оваа Касарна сакав некаде да биде одбележано името на Шестата бригада. Покренав иницијатива и акција доброволно и во Белчишта направивме Спомен соба на НОВ во Дебрца, каде што беше и дел од Шестата бригада. Меѓутоа не застанавме на тој пат, продолживме. Направивме Спомен соба и во Сливово на Првата македонско-косовска бригада, бидејќи во Скопје имав прилика да отидам во Спомен собата во единицата која ја имаше истата судбина како оваа и сакав некаде да биде изворно на местото во селото каде направивме спомен соба. Понатаму, направивме Спомен соба посветена на главниот штаб на НОВ и ПОМ, посветено на главниот документ, манифестот во Црвена вода. Училиштето го направивме во велелепно издание Спомен дом за главниот штаб на првото командно место на македонската војска во населено место. Бидјеќи армијата го носи денот 18 август, посветен на баталјонот Мирче Ацев одлучив и направивме и во селото Годивје, како најблиско место до местото каде што била главната логистика, Спомен соба на баталјонот Мирче Ацев. Не застанав, некако ме влечеше да си ја завршам до крај работата и со поддршка од градоначалникот кој ми ја даде оваа просторија ја вратиме Спомен собата на местото каде што си беше, вели Велјаноски.

Во склоп на свеченоста се реализира и забавна и спортска програма.


WebOhrid / 05.05.2023 / Општина Охрид