27/04/2024
Охрид

Пецаков: Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството

Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид се одржа прес-конференција на која говореше д-р Кирил Пецаков, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако СДСМ го презеде здравствениот систем тој е последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа. Ниту се реновираат болници, ниту се градат нови. Медицинските апарати не се поправаат, а не пак да се набавува современа медицинска опрема. Медицинскиот персонал никогаш повеќе не бил деградиран и понижен.

Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството. Во ЈЗУ „Општа болница“ од 31 кандидат рангиран според успех, за медицинска сестра не е примен најдобриот кандидат, туку последниот.

Зошто ја уништувате надежта на медицинските кадри со високи квалитети?

Ова е голем срам за охридското здравство.

За Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ и СДСМ бодирањето на кандидатите на конкурсот за медицински сестри според тестот на знаење и успехот од образованието не се пресудни за да се стапи во работен однос.

Кои се тие други параметри и квалитети коишто се земаат предвид?

Наместо да бидат вработени солидни кадри, способни и со висок просек, сведоци сме на негативна селекција. Врз основа на критериумите и стандардите со кои владее СДСМ повеќе од јасно е дека списокот за вработување медицински сестри кои ќе се вработат е однапред познат.

Води ли некој грижа за состојбите во болницата?

Здравјето е најважаниот сегмент за човекот. Тоа не важи за СДСМ, бидејќи целта е да се постават послушни партиски војници. Партиските бизниси на грбот на пациентите и здравствениот персонал е одлика на раководството на СДСМ. Граѓаните не се должни да страдаат, а за овој скандал мора да се сноси одговорност.“ – истакна Пецаков.