27/04/2024
Охрид

Пецаков: Жителите на Стар град не бараа рампи и не се должни да плаќаат за картички

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков, денес одржа прес-конференција, на која истакна:

„Локалната власт предводена од градоначалникот Јован Стојаноски повеќе не е глас на разумот, гласот на граѓаните и глaсот на Охрид. Без разум и совест во период кога туристичката сезона е започната повторно се поставени рампите во центарот на градот и Горна порта.

Градоначалникот Стојаноски веднаш да го поништи донесеното решение бидејќи ќе трпат станоиздавачите, туристите, угостителите и жителите на Стар град.

Наместо општество за сите, зошто ги делите граѓаните со специјални пропусници?

Знаеме дека немаат сите жители на Стариот дел на своите дозволи место на живеење токму од Стар град, а за туристите воопшто да не стане збор.

Која е логиката да плаќаат за картичките по 150 денари?

Ова е директен удар врз туризмот.

Има сопственици на имот од овој дел што живеат надвор од Охрид. Како ќе го остварат тие своето право на картички за да можат да влезат во стариот дел на градот?

СДСМ еднаш ја призна грешката со начинот на управувањето на паркинзите што ја поремети туристичката сезона и живеењето.

Зошто ја повторувате истата грешка за финансиска загуба кај народот?

Свесно ги зголемувате трошоците за живот на охриѓани и трошоците на престојот на гостите кои го посетуваат Охрид.

Го повикуваме градоначалникот Стојаноски секој проект кој како Локална самоуправа сакаат да го спроведат, да се направи сериозна анализа од сите аспекти коишто ќе доведат до издржано решение а не избрзан проект проследен со низа недостатоци како зонското пракирање и режимот на сообраќај во стариот дел на градот.“– изјави Пецаков.