Поевтинуваат горивата

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,93%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 7.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 60,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 7.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит, и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 7.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 24,549 ден/кг.