03/05/2024
Македонија

Пошта: Нова измамничка кампања во која се нудат изгубени пратки за 123 денари

„Ве известуваме дека повторно се злоупотребува името на Пошта, овојпат преку социјалната мрежа фејсбук.

Се работи за измамничка кампања која го користи логото на Пошта, а зад тоа стои лажна веб страница која испраќа пораки.

Сакаме да ги известиме нашите корисници дека Пошта на Северна Македонија не стои зад овие објави  во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 ден.

Ги молиме граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, бидејќи АД „Пошта на Северна Македонија“ не испраќа електронски пораки до своите корисници, ниту пак ваква кампања постои на нашата официјална веб страница.

Потсетуваме дека секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.

Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки, понуди или услуги може да го прочитате на официјалната веб страница www.posta.com.mk.

Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта.“ – стои во соопштението од АД Пошта.


WebOhrid / 24.01.2024 / АД Пошта на Северна Македонија