27/04/2024
Охрид

Поставена дигитална информативна табла во ООУ „Св.Климент Охридски“

Дигитална информативна табла е поставена во ООУ „Св.Климент Охридски“, истата е направена со маскота која е автентична за училиштето и избрана од училишната заедница на предлог на ученикот Сара Велјанова.

Дигиталната информативна табла покрај информативниот карактер воедно ќе биде мотивациска табла на која ке бидат истакнувани учениците со високи постигнувања на општински, регионални и државни натпреварувања и воедно ќе преставува стимул за сите останати ученици.


WebOhrid / 23.02.2023 / ООУ „Св.Климент Охридски“ Охрид