23/04/2024
Македонија

Потпишан меморандум за соработка меѓу МВР и Фондот за ПИОМ

Склучувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондот за ПИОМ има за цел успешно превземање на сите податоци за вработените на министерството од страна на Фондот за ПИОМ, со што сите вработениво МВР ќе имаат можност во секое време да имаат увид во податоците за стажот, платите, пријавите и одјавите, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу МВР и Фондот за Пензинско и инвалидско осигурување.

„Потпишувањето на овој меморандум е од исклучителна важност, со цел да се олесни работата и на МВР и на Фондот, а да бидат задоволни нашите вработени во Министерството за внатрешни работи“, рече Спасовски.

Министерот Спасовски нагласи дека во изминатиот период се одржаа повеќе состаноци меѓу Министерството за внатрешни работи и Фондот со цел прецизно дефинирање на процесот за почеток, а понатаму и успешно превземање на податоците за вработените на МВР.

Во изминатиот период беше реализиран процесот на внесување и обработка на податоци за плати и надоместоци од плати односно изготвување на М4 обрасци за сите вработени во МВР за сите години на стажот, заклучно со 31.12.2005 година (индивидуално од дата на засновање на работен однос до 2005 година). А, од 2006 година до денес податоците се веќе обработени електронски во ФПИОМ, односно веќе ажурирани. Со Меморандумот се дефинираат сите услови за деловна соработка, односно процесот на натамошно превземање на податоците од страна на ФПИОМ може да продолжи.

https://www.youtube.com/watch?v=lzbQ1gTv-tM