27/07/2024
Македонија

Повик за ученици – млади UPSHIFT иноватори и социјални претприемачи

Имаш идеја за производ или услуга која сакаш да ја развиеш? Сакаш да промениш нешто во твојата заедница? А да учествуваш во програма која се спроведува на светско ниво? 

Ако сите одговори се „ДА“ тогаш собери свој тим и бидете дел од првата генерација на млади UPSHIFT иноватори и социјални претприемачи!

Министерството за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и CEED HUB Скопје – Ви нудат можност преку учество во UPSHIFT програмата да откриете што сакате да промените, да развиете иновативно решение и да добиете финансиска поддршка за истото да стане реалност.

Со учеството во програмата:

• ќе стекнете нови вештини и знаења;
• ќе придонесете да се реши проблем во вашата заедница, а и пошироко;
• ќе научите како да ја дизајнирате, развиете и спроведете вашата идеја;
• ќе стекнете нови пријателстваи 
• ќе добиете можност за финансиска поддршка од 2.000 евра за да ја стартувате идејата.

Ваша обврска е да направите тим од најмногу 5 учесници на возраст од 13-19 години и да ја пополните апликацијата на овој линк, до 10 септември 2018.

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување може да контактирате со mtrajkova@ceedhub.mk или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

UPSHIFT flyer second page mk