16/04/2024
МакедонијаРегион/Свет

Повлечена од употреба скандалозната поштенска марка „Северна Македонија во ЕУ“, мотив „Хрватска (Загреб)“

На итно одржаната седница денес (09 мај 2020), Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје донесе Одлука за повлекување од употреба на поштенската марка на тема „Северна Македонија во ЕУ“, мотив „Хрватска (Загреб)“ со тираж од 6000 примероци и номинална вредност од 72,оо денари со ден на пуштање во употреба на ден 08.05.2020 година. Со предметната одлука се утврдува и поништување на целокупниот тираж.

Донесена е и Одлука за разрешување на Раководителот на Бирото за филателија и Одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.

Имено, на поштенската марка претставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот. Ова предизвика бурни реакции кај нашите соседни земји.

„Се извинуваме за ненамерната грешка и техничките пропусти при објавување на пригодната поштенската марка од серијата „Северна Македонија во ЕУ“ чија цел е одбележување на претседавањето на Република Хрватска со ЕУ.

Само со взаемно почитување и блиска соработка може да бидеме составен дел на големото европско семејство,“ – велат од АД „Пошта на Северна Македонија“.

WebOhrid