26/04/2024
Струга

Повреден струженец во сообраќајка кај Подмоље

На 10.11.2020 во 17:20 часот на магистрален пат А-2 од Струга кон с.Подмоље, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рено лагуна“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од В.М.(23) од Вевчани и трактор „ИМБ 558“, управуван од С.А.(68) од Струга.

Во незгодата С.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош. Увид на место извршила увидна екипа на Полициска станица Струга.