Повреден возач кој излетал од патот кај Требеништа
На 23.07.2021 во 07.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, товарно возило „Ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(46) од Скопје, излетало од патот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.