24/04/2024
Охрид

Повредена охриѓанка на велосипедската патека кај Центарот за обука на вода

На 22.11.2020 во 12.25 часот било пријавено дека на велосипедска патека кај Центарот за обука на вода во Охрид, С.В.(60) од Охрид, управувајќи велосипед, паднала на патеката.

Во незгодата, С.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за трауматалогија и ортопедија „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.