28/03/2024
Дебрца

Повредена жена во сообраќајна несреќа помеѓу селата Песочан и Ново Село

На 26.05.2020 година во 09:15 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Песочан и Ново Село, случена е сообраќајна незгода во која учествувал патнички автомобил „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (56) од Охрид.

Во незгодата со повреди се здобила В.С.(51) од Охрид-сопатник во возилото, на која и била укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“.

Увид изврши екипа од СВР Охрид.