30/04/2024
Охрид

Повредени четири лица откако возило излета надвор од коловоз кај Рача

На 05.07.2023 година во 20:30 часот, на регионалниот пат Св.Наум – Охрид кај населбата Рача, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.К.(26) од Скопје излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Д.А.(25) и Н.Т.(23), двајцата од селото Пештани, охридско, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник М.К.(26) од Пештани, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 06.07.2023 / СВР Охрид