29/04/2024
Охрид

Повредени две девојчиња од Велгошти кои со велосипед удриле во ограда

Денеска (27.06.2023) во 00:45 часот било пријавено дека во с.Велгошти, охридско, на крстосница од улицата „Живко Чинго“ со улицата „Андреја Јованоски“, малолетничка од истото село, управувајќи велосипед, изгубила контрола и удрила во ограда.

Во несреќата, малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, а малолетничката која го управувала велосипедот се здобила со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 27.06.2023 / МВР