26/04/2024
Охрид

Повредени две лица во сообраќајна незгода на крстосницата помеѓу улиците „Железничка“ и „Винковачка“

На 27.10.2019 во 13:15 часот на крстосница oд улиците „Железничка“ и „Винковачка“ во Охрид се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо 205“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(71) од охридското село Долно Лакочереј и мопед „Џилера ранер СП 50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.М.(24) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здоби сопатничката на мопедот М.М.(25) од Охрид и беше пренесена во болницата „Свети Еразмо-Охрид“ за укажување на лекарска помош. Возачот на мопедот се здоби со телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Охрид.