28/04/2024
Охрид

Повредени повеќе лица во сообраќајка на регионалниот пат Охрид – Свети Наум

На 01.01.2024 во 18:30 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „голф“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И.(77) од Република Црна Гора, патничко моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(27) од Република Србија и патничко моторно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(61) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“ О.И.(70) од Црна Гора, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, двајца сопатници од возило „голф“ и уште двајца сопатници од возилото „мерцедес“, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 02.01.2024 / СВР Охрид