30/05/2024
Охрид

Повредени три лица од Охрид во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

На 03.04.2021 во 21:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево кај с.Ново село патничко моторно возило “пежо“ со охридски регистарски ознаки управуванo од Н.С.(70) од Охрид излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Т.(58) од Охрид, а возачот и уште една сопатничка Л.С.(62) од Охрид се здобиле со телесни повреди констатирани во болницата “Св.Еразмо“-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.