01/05/2024
Охрид

Повредени три лица во сообраќајна незгода помеѓу Трпејца и Заливот на коските

На 12.07.2023 во 16:10 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, помеѓу Заливот на коските и селото Трпејца, се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон” со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(36) од селото Трпејца и патничко возило „шкода октавија” со германски национални ознаки, управувано од В.Т.(33) од Р.Германија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби сопатничката од возилото „шкода октавија”, Ј.Л.(66) од Република Србија, а со телесни повреди се здобија возачот Б.Р. и уште една малолетна сопатничка од возилото „шкода октавија” констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид и Општата болница Охрид.

Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 13.07.2023 / СВР Охрид