28/04/2024
Охрид

Повредено едно лице откако автомобил удри во паркирана работна машина на улицата „7 Ноември“

На 30.10.2023 година во 21 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, удрил во паркирана мобилна работна машина марка „Јан-Мар“.

Возачот на првото возило избегал и го оставил на местото на незгодата, а екипа на Итната медицинска помош, покрај истото го пронашла сопатникот А.Д.(39) од Охрид кој, веднаш е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Поради констатирани тешки телесни повреди, тој е задржан на понатамошно лекување.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на првото возило кој избегал од лице место.


WebOhrid / 31.10.2023 / СВР Охрид