26/04/2024
Охрид

Пожар во возило во движење на патот за Велестово, нема повредени

На 31.07.2021 година во 18.20 часот, во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во патничко возило во движење на локален пат кон охридското село Велестово, во кој нема повредени лица. Од извршениот увид констатирано е дека пожарот настанал при движење на автомобил „Рено Меган“, со холандски национални ознаки, сопственост и управувано од М.П.Ф.М(57) од Холандија.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.