Познати добитниците на наградите за најдобри поетски творби посветени на светите Кирил и Методиј
По завршувањето на распишаниот Општински награден литературен конкурс за поттикнување на творештвото на учениците од основните и средните училишта, Жири –комисијата во состав: проф.Славка Јанеска (претседател), проф. Кире Стојаноски (член) и проф.Христина Наумоска (член) донесе одлука за избор на најдобрите од вкупно пристигнатите 49 литературни творби посветени на Охрид и животот и дејноста на светите Кирил и Методиј.
Жири –комисијата одлучи :
- Првата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)да ѝ се додели на песната: „Браќата” под шифра „Апостоли”.
- Втората награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) да ѝ се додели на песната: „ПЕСНА” под шифра:„ Ѕвездено небо”.
- Третата награда во првата категорија – за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) да ѝ се додели на песната : „Свети Кирил и Методиј –просветители наши” под шифра „Ангели 305”.
- Првата награда во втората категорија – за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) да ѝ се додели на песната: „Св.Кирил и Методиј” под шифра: „ Велосипед”.
- Втората награда во втората категорија – за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) да ѝ се додели на песната : „Живата реч над Охрид” под шифра: “Ростислав 2020”.
- Третата награда во втората категорија –за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение)да ѝ се додели на песната : „Светите Кирил и Методија” под шифра: „Дизниленд”.
- Првата награда во третата категорија – за ученици во средно образование (од прва до четврта година) да ѝ се додели на песната: „Светите Кирил и Методиј –наши први учители” под шифра: „Потомци”.
- Втората награда во третата категорија – за ученици во средно образование од прва до четврта година) да ѝ се додели на песната: „Словенска писменост” под шифра:„ 120804”.
- Третата награда во третата категорија – за ученици во средно образование од прва до четврта година да ѝ се додели на песната: „Кирил и Методиј “под шифра: „Ананас 1”.
Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид во текот на утрешниот ден, најдоцна до 12.00 часот и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство.
Наградените творби ќе бидат објавени на официјалната страна на Општина Охрид на 24-ти Мај –Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.