Предлози за Охрид

„Овие локални избори во Охрид не видовме големи промени во пристапот на кандидатите, дали се тоа политички партии или независни листи. Се користеа рециклирани проекти и предлози од претходни изборни циклуси, или пак отсуствуваше програма.

Сметам дека скоро ниедна опција не понуди суштински проекти, односно не беа опфатени многу сегменти од општественото живеење. Поради тоа, решив да направам еден сублимат и да го понудам визуелно прво преку Вашиот медиумски простор, а штом се ажурира општинската интернет страница, и директно на новите советници и градоначалникот. Чекав да поминат изборите и сета еуфорија (која овој пат не беше толку голема).

Опфатени се: културата, спортот, екологијата, урбанизмот, локалната самоуправа, инклузијата и промоцијата на општината. Со по неколку предлози, кои никако да се реализираат, веќе повеќе изборни циклуси. Охрид е посебен град, и заслужува поголемо внимание од страна на советниците и градоначалникот. Дали праксата ќе се промени, ќе видиме.“ – вели Владимир Трајановски.

Programa-2021