28/04/2024
Македонија

Предупредување до јавноста за лажно претставување на субјект во името на Централен регистар / понудувач на услуги

Централниот регистар ја информира јавноста, дека, откако извесен субјект во името на Централен регистар нудел на правни субјекти извесни услуги, вклучувајќи пакети, сертификати, награди и сл. а притоа информирајќи ги субјектите за нивната деловна состојба, а за услугите барајќи одреден надомест, зад истиот понудувач на наведените услуги НЕ СТОИ Централниот регистар како институција и децидно се оградува од било каква соработка и поврзаност со понудувачи од овој вид.

„Ги советуваме граѓаните да не подлегнуваат на информации од овој вид, за сѐ што ќе бидат информирани од надворешни субјекти / понудувачи да бидат ВНИМАТЕЛНИ, да го информираат Централниот регистар, со цел да се заштитат себеси а и останатата јавност од ваков вид на злоупотреба.

За дополнителни информации, контактирајте на marketing@crm.org.mk “ – стои во соопштението од Централниот регистар.


WebOhrid / 14.07.2023 / Централен регистар