Премиерот Зоран Заев закажа лидерска средба

Претседателот на Владата на Република Македонија и Претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, закажа лидерска средба.

Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија.

Лидерската средба ќе се одржи утре, на 18 јули, во 18:00 часот, во Клубот на Пратениците.