28/04/2024
Охрид

Претрес во дом на охриѓанец, пронајдени опаковки со бела прашкаста материја

На 07.11.2023 година, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, врз основа на судска наредба, извршија претрес во домот на Г.Л.(39) од Охрид.

Притоа, пронајдени и одземени се две опаковки со бела прашкаста материја, како и повеќе предмети со траги од бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 08.11.2023 / СВР Охрид