27/04/2024
Македонија

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведен дилер

На 15.12.2022 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода А.Л.(28) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле бела прашкаста материја. При претресот, А.Л. се однесувал агресивно кон полициските службеници.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.