28/04/2024
Струга

Претрес во струшко, пронајдени пушка и куршуми

На 08.06.2023 во 08:00 часот во с.Ташмаруништа, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.Н.(68) од с.Ташмаруништа.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 71 куршуми од различен калибар и една воздушна пушка.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 09.06.2023 / МВР