27/04/2024
Охрид

Претседателот Иванов во Скребатно по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со сопругата г-ѓа Маја Иванова и синот Иван Иванов, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, присуствуваше на црковно-народниот собир во црквата „Успение на Пресвета Богородица” во село Скребатно, општина Охрид.

Претседателот Иванов им го честиташе големиот христијански празник на бројните присутни верници и им посака добро здравје, радост и среќа.