02/05/2024
Македонија

Претседателот Пендаровски домаќин на италијанскиот претседател Серџо Матарела

Претседателот Стево Пендаровски, утре (петок, 9 септември 2022 година) ќе биде домаќин на претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Матарела ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Матарела и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Италија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателот Матарела и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

ПРОГРАМА: петок, 9 септември 2022 година

·        09:30 часот – Церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести

·        09:40 часот – Тет-а-тет средба

·        10:00 часот – Пленарен состанок на делегациите

·        10:45 часот – Заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателот Матарела

Официјалната церемонија на пречек, пленарниот состанок и заедничката прес-конференција се отворени за сите медиуми.

·        12:35 часот (Црква „Св. Спас“) – Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев